недела, ноември 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од утре, продолжуваат тестирањата за бруцелоза кај говедата

Од утре, продолжуваат тестирањата за бруцелоза кај говедата

1

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постигна договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за продолжување на лабораториските испитувања за бруцелоза кај говедата. Испитувањата ќе продолжат од утре, со што ќе се реализираат предвидените мерки од Програмата за здравствена заштита на животните за 2026 година.

Решението следува по барањата на ветеринарните друштва, кои неодамна протестираа пред АХВ. Со склучениот договор за донација се обезбедува континуитет во испитувањата, чија цел е откривање, следење и спречување на ширењето на болеста, како и заштита на здравјето на животните и јавното здравје.

ИЗДВОЕНИ