недела, ноември 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Највисоки плати во информатиката, најниски во угостителството

Највисоки плати во информатиката, најниски во угостителството

1

Највисока просечна нето-плата во септември имале вработените во секторот информации и комуникации, каде што таа достигнала 88.787 денари. Најниски примања, пак, имале вработените во објектите за сместување и сервисните дејности со храна, со просечна нето-плата од 35.447 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во септември изнесувала 49.141 денар, што е зголемување од 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Во однос на август, просечната нето-плата бележи раст од 0,8 отсто.

Гледано на годишно ниво, растот на нето-платите најмногу се должи на зголемувањето во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, каде што платите се повисоки за 11,6 отсто. Следуваат административните и помошните услужни дејности со раст од 10,6 отсто и трговијата на големо и мало, вклучително и поправката на моторни возила и мотоцикли, со 10 отсто.

На месечно ниво, најголем раст на нето-платите е забележан во рударството и вадењето камен, каде што тие се зголемиле за 6 отсто. Во преработувачката индустрија растот изнесува 3 отсто, а во јавната управа и одбраната, вклучително и задолжителното социјално осигурување, 2,5 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември изнесувала 73.940 денари, што претставува годишен раст од 8,1 отсто.

ИЗДВОЕНИ