вторник, септември 29, 2026
Дома СВЕТ Од телевизиско студио до престолот: Новинар станува крал

Од телевизиско студио до престолот: Новинар станува крал

0

Телевизискиот новинар и принц Едвард Рукиди Њабонго – долгогодишен водител и уредник во државната „Уганда Бродкастинг Корпорејшн“ (Uganda Broadcasting Corporation) – треба да биде крунисан за нов крал на традиционалното кралство Торо во Уганда, по смртта на кралот Ојо Њимба минатиот месец на 34-годишна возраст.

Њабонго не беше меѓу главните кандидати за престолот, но старешините од владејачкиот кралски клан Бабиито го избраа меѓу принцовите кои ги исполнуваа условите. Тој потоа во текот на ноќта помина низ традиционални ритуали и влезе во палатата пред официјалното претставување пред своите поданици во Форт Портал.

Неговиот избор беше оспорен од кралицата-мајка, Бест Кемигиса, која тврди дека писмениот тестамент на покојниот крал бил занемарен и дека Ојо зад себе оставил малолетен син – чиј идентитет треба да се открие во соодветно време – со што се отвораат прашања за легитимноста на новиот монарх.

ABC известува дека Ојо седнал на престолот во 1995 година на возраст од само три години и своевремено ја носел неофицијалната титула на најмлад крал во светот, а за време на својот живот, тој го привлекол и вниманието на светските лидери, вклучувајќи ги Нелсон Мандела и покојниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Традиционалните кралства во Уганда биле укинати во 1960-тите, а обновени во 1993 година. Иако нивните монарси денес немаат формална политичка моќ и им е забрането учество во партиската политика, тие продолжуваат да имаат значително културно и општествено влијание меѓу своите поданици.

ИЗДВОЕНИ