Од евидентирани девет пожари денеска, до 20:30 часот еден е активен, а осум се ставени под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи ЦУК.
Активен е пожар на отворен простор, во општина Кавадарци, во близина на Тиквешкото езеро каде гори нискостеблеста шума и трева.
-Под контрола се пожарите во подрачјето на Јасен каде гореше мешана шума, во Гевгелија на планината Кожуф, во Желино кај селата Мерово и Церово, во Врапчиште помеѓу селата Добри Дол и Врапчиште, во Долени кај село Долгаец, во Сарај кај село Копаница и во Битола во местото Ергела.
ИЗДВОЕНИ

ВРЕДНИ ФОТОГРАФСКИ СВЕДОШТВА ОТКРИЕНИ ПРЕД ЈАВНОСТА: Непознати кадри, а големи приказни за Теодосиј Гологанов, Петар Поп Арсов, Петар Чаулев…

Кој ќе ја гаси Пресека ако избие пожар: доброволци или професионалци?

Банките продолжуваат да ги дерат граѓаните, високите провизии удираат по џебот

Младите да останат во Македонија, да градат кариера и да основаат семејствa








