вторник, јуни 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинение против телохранителот на Мицкоски за семејно насилство, ја давел сопругата пред...

Обвинение против телохранителот на Мицкоски за семејно насилство, ја давел сопругата пред малолетната ќерка

320

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против телохранителот на премиерот Христијан Мицкоски, кој е осомничен за семејно насилство врз сопругата. Според Обвинителството, насилството се случило по претходна расправија во семејниот дом, кога обвинетиот физички ја нападнал сопругата пред очите на нивната малолетна ќерка.

– Обвинетиот ја удирал оштетената по лицето и главата, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави – наведуваат од Обвинителството.

Жената успеала да се засолни во тоалетот, а подоцна, кога се обидела да го напушти домот со детето, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон. Таа заедно со ќерката побарала помош кај сосетка, која ги примила во својот дом. Осомничениот е во притвор.

 

ИЗДВОЕНИ