понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нов фемицид во Битола: До смрт ја избол сопругата со која имал...

Нов фемицид во Битола: До смрт ја избол сопругата со која имал четири деца

602

Нов фемицид се случи во битолската населба Баир, 31-годишната Ајнет Вејсел, мајка на четири деца, била избодена до смрт од сопругот со кој била разделена. Убиството се случило вчераутро во 6 и 40 часот на ул. „5-та“. Сопругот, на возраст од 33 години, е приведен и за него е предложена мерка притвор. Мотивот за фемицидот е семејна расправија и недоразбирања кои траеле подолг период.

Сопружниците биле разделени, жената заминала да живее кај семејството, а недоразбирањата продолжиле. Жртвата не го пријавувала малтретирањето поради децата.

ОЈО Битола издаде наредба за обдукција за починатата, а од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бараат итна, темелна и транспарентна истрага за случајот во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај институциите.

„Доколку се утврдат пропусти, бараме индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски. Бараме и итни финансиски инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, како и зголемување на професионалните ресурси во сите институции, особено во МВР и центрите за социјална работа, кои ќе бидат фокусирани на заштита од насилство, порачуваат од мрежата

ИЗДВОЕНИ