петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Објавена снимка од нападот на американските сили врз ирански танкер/ВИДЕО

Објавена снимка од нападот на американските сили врз ирански танкер/ВИДЕО

1283
screenshot Telegram

ЦЕНТКОМ објави видео од американските сили како го пресретнуваат бродот М/В Тоуска, наведувајќи дека „откако започна блокадата, американските сили им наредија на 25 комерцијални бродови да се вратат во иранските пристаништа“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера откри дека американската морнарица пукала врз ирански танкер, го погодила, а потоа успешно го запленила бродот.

Трамп напиша на социјалните мрежи дека иранскиот брод се обидел да ја американската поморска блокада и тоа не завршило добро за нив.

„Денес, товарен брод под иранско знаме наречен ТУСКА, долг речиси 900 стапки и тежок речиси колку носач на авиони, се обидел да ја пробие нашата поморска блокада и тоа не завршило добро за нив. Разурнувачот со водени ракети на американската морнарица УСС Спруанс го пресретна ТУСКА во Оманскиот Залив и им даде фер предупредување да застанат“, напиша Трамп.

Во меѓувреме, Централната команда на САД објави снимки од Оманскиот Залив.

ИЗДВОЕНИ