вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА „Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на Франкофонијата

„Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на Франкофонијата

98

Општина Центар на 9 мај, во Паркот на Франкофонија, го организира настанот  „Нож и виљушка на европска чинија”, целодневно гастрономско и културно доживување што ги спојува вкусовите, музиката и современиот урбан ритам.

Од Општината информираат дека посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно селектирана гастрономска понуда од сите меридијани, проследена со музичка програма што ќе се одвива во текот на целиот ден, од диџеј сетови, детска музика и блуз, па сè до вечерни настапи на македонски бендови.

-Ова веќе прераснува во убава навика за Центар. Како и секоја година, очекувам одлична атмосфера, дружење и уживање во вкусовите од различни кујни, во еден опуштен и отворен простор за сите граѓани – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во текот на денот ќе настапат повеќе изведувачи, меѓу кои диџеи, детскиот состав „Поточиња“, блуз музичари, а во вечерните часови ќе настапи групата ,,Куку леле”.

Настанот се одржува во рамки на одбележување на 50 години постоење на Општина Центар, а проектот е составен дел од Програмата за култура на локалната самоуправа за 2026 година.

 

ИЗДВОЕНИ