Македонскиот фудбалски шампион, Вардар и следната сезона ќе ја има поддршката од генералниот спонзор, откако клубот и „Новоматик Македонија“ се договорија за продолжување на соработката.
Со договор од значителна финансиска поддршка од милион евра, „Новоматик Македонија“ и во наредната сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Партнерството беше официјализирано на прес-конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на „Новоматик Македонија“, капитенот на Вардар, Горан Закариќ, како и членови на клубот и компанијата.
„Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги поддржуваме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка ја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.
Од „Новоматик Македонија“ велат дека одлуката за продолжување на договорт е донесена бидејќи ФК Вардар не е само портски клуб, туку и симбол на македонскиот идентитет и успешен национален амбасадор.
Голема благодарност во своето обраќање кон старо – новиот спонзор изрази и капитенот на „црвено – црните“, Горан Закариќ.
„Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите јавно да упатам благодарност што „Новоматик Македонија“ беа со нас кога ја започнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и на пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство“, истакна капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ.












