Новоизбраниот папа денеска ќе ја одржи својата прва голема миса

31
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новоизбраниот папа Лав XIV денеска ќе ја одржи својата прва голема миса како понтиф на Католичката црква во Сикстинската капела, соопшти Ватикан.

Лав Четиринаесетти, првиот папа роден во Соединетите Американски Држави, во 11 часот ќе одржи миса со кардиналите во Сикстинската капела, која ќе биде емитувана во живо.

Шеесет и деветгодишниот Американец, кој голем дел од својот живот го поминал во Перу, беше избран од неговите колеги кардинали вчера, на вториот ден од тајната конклава.

Со изборот на Превост, според експертите, кардиналите се одлучиле за континуитет на политиките на покојниот папа Франциск, прогресивниот Аргентинец кој внесе нови идеи во Црквата за време на неговото 12-годишно папство.

„Тој е умерен консензусен кандидат кој се вклопува континуитетот на папата Франциск, но кој нема да ги отуѓи конзервативците“, вели рече Франсоа Мабил, истражувач во парискиот тинк-тенк ИРИС (IRIS) и автор на книга за стратегијата на Ватикан, пренесува „Гардијан“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, рече дека изборот на името Лав не е случајно и оти претставува „јасна и намерна“ референца на последниот папа кој го носел ова име.

Лав Тринаесетти бил избран во 1878 година и бил најпознат по неговата енциклика од 1891 година, Rerum Novarum, во која главна тема биле правата на работниците.

Во своите први коментари по неговиот избор, папата Лав Четиринаесетти упати пораки за единство и за движење напред. Тој рече дека сака оваа порака за мир да влезе во „вашите срца, да стигне до вашите семејства и сите луѓе, каде и да се“.

ИЗДВОЕНИ