вторник, септември 22, 2026
Дома СВЕТ Рубио: Трамп е подготвен да направи сè што е потребно за да...

Рубио: Трамп е подготвен да направи сè што е потребно за да се стави крај на конфликтот во Украина

0

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да стави крај на конфликтот во Украина и е подготвен да направи сè што е во негова моќ за да се прекинат борбите.

„Претседателот Трамп отсекогаш сакал да го заврши овој конфликт и е подготвен да направи сè што е во негова моќ за да го оконча“, рече Рубио за „Фокс њуз“.

Загриженост поради нападите во Црното Море
Рубио истакна дека Вашингтон е сериозно загрижен поради нападите врз бродови поврзани со САД во Црното Море.

Жртви на лудилото на блокадата и омразата не се само жените, туку и децата!
Според него, нападнати биле неколку танкери за нафта, иако додаде дека е можно нападите да не биле намерно насочени кон американски пловни објекти.

„Не можеме да дозволиме ова да продолжи“, изјави американскиот државен секретар.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за можен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и енергетските испораки.

„Тоа би било одлична идеја – прекин на огнот во однос на енергетската инфраструктура – ​​при што украинската инфраструктура не би била цел, а ниту руските испораки на енергија. Тоа е идеалниот исход“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Тој напомена дека Вашингтон е загрижен и поради нападите врз бродови поврзани со САД. „Во неколку наврати во текот на изминатите месеци, бродови поврзани со САД и американски пратки со нафта биле цел на украински напади – веројатно не намерно, но сепак биле цел. Ова е прашање што мора да се реши. Не можеме да дозволиме да се случуваат такви работи“, рече Рубио.

Според него, Трамп сака да стави крај на конфликтот во Украина и е подготвен да направи сè што е во негова моќ за да се прекинат борбите.

Изјавите на Рубио уследија пред денешната средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.

Идејата за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура веќе беше тема на разговор меѓу Москва и Вашингтон, како и предмет на изјави од страна на украинското раководство.

ИЗДВОЕНИ