петок, ноември 20, 2026
Дома БАЛКАН Новиот претседател на српскиот парламент, Чукиќ, опомена осум пратеници: Секоја опомена е...

Новиот претседател на српскиот парламент, Чукиќ, опомена осум пратеници: Секоја опомена е казна во пари кои одат за хуманитарни цели

1
EPA/MARKO DJOKOVIC

На вчерашната конститутивна седница на српскиот парламент, собранискиот спикер Александар Чупиќ, издаде осум опомени до пратениците, што, според собранискиот Деловник, повлекува парични казни што се уплаќаат во собранискиот фонд за солидарност, а парите се користат за хуманитарни цели, објави „Танјуг“.

Според Деловникот на Народното собрание, пратеникот кому му е изречена опомена се казнува со парична казна од 10 проценти од неговата основна плата, а пратеникот кому му е изречена опомена двапати во текот на истата седница се казнува со парична казна од 20 проценти од основната плата.

Пратеникот кому му е одземен зборот се казнува со парична казна од 40 проценти од основната плата, додека пратеникот кому му се забранува учество во седницата се казнува со парична казна од 50 проценти од основната плата.

Меѓу другите, опомена „заработи“ и поранешниот претседател на Србија, сега пратеник, Александар Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ