петок, ноември 20, 2026
Дома БАЛКАН Ден по изборот на претседател на Собранието, Чупиќ и студенти отстрануваат графити...

Ден по изборот на претседател на Собранието, Чупиќ и студенти отстрануваат графити од зградата на факултетот/ВИДЕО

13
Фото: tanja @mango_on_diet

Новоизбраниот претседател на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, утрото по својот избор го помина со студенти, учествувајќи во отстранувањето на графитите со кои активисти на Српската напредна странка (СНС) во текот на претходните месеци ги покриваа и „украсуваа“ ѕидовите на зградата на факултетот.

Во оваа акција учествуваше и професорката Цеца Батарило, која исто така беше кандидат од „Студентската листа“.

За време на вчерашната седница на Народното собрание на Република Србија – која траеше речиси 12 часа – Александар Чупиќ беше избран за претседател на Собранието со поддршка од 140 пратеници. Истиот ден, нешто пред полноќ, кандидатите од „Студентската листа“ – Јелена Петровиќ, Лидија Димитријевиќ, Марија Бјелобрк, Сара Валентик, Тибор Лазар и Адем Мавриќ – беа избрани на шесте достапни позиции за потпретседатели на Собранието.

Нивниот избор беше проследен со дебати околу фактот дека ниту едно од местата за потпретседатели не им беше доделено на пратеничките групи на малцинствата. Пратениците од СНС ја напуштија салата за време на гласањето. За генерален секретар на Народното собрание беше избрана Мирјана Радаковиќ, која доби 138 гласа.

Седницата беше одбележана и со меѓусебни обвинувања, како и со изрекување официјални опомени на неколку пратеници, меѓу кои Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ. Продолжувањето на седницата е закажано за 24 ноември.

ИЗДВОЕНИ