понеделник, јуни 22, 2026
Дома СКОПСКА Нови градинки, училишта, фекална канализација, спортски сали, улици…

Нови градинки, училишта, фекална канализација, спортски сали, улици…

50

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави работно лето во кое, како што рече, паралелно ќе се реализираат повеќе од 60 нови проекти што директно ќе го подобрат животот на граѓаните.

Тој нагласи дека за неколку дена ќе бидат отворени вратите за дечињата во новата детска градинка „Кокиче“, која е изградена во Трубарево, и дека со засилена динамика се одвиваат градежните активности за изградба на новите детски градинки во Инџиково, на локацијата меѓу Маџари и Ќерамидница, и во Сингелиќ.

Воедно, спомена и за изградбата на фекална канализација во Идризово, Јурумлери, во Гоце Делчев и Чукур Маало, потоа за каналот за одводнување во Стајковци и во Сингелиќ.

Исто така, тој спомена дека ќе продолжат инвестициите во образованието, поточно во изградбата на новото училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто и доградбата на ООУ „Крум Тошев“, како и градежно-занаетчиските работи во сите основни училишта, но и бесплатните училишни униформи за сите ученици и финансиската помош од по 3.000 денари за секое прваче.

Во областа на спортот, Стефковски ги наведе инвестициите во новите спортски сали во Црешево и во Железара.

Исто така, потенцираше дека ќе се градат и реконструираат улиците: „519“ во Ќерамидница, „Пехчевска“ во Хиподром и „Жан Жорес“ – од Кино Маџари до надвозникот кон Ченто, но, како што информираше, и повеќе од 20 улици низ целата општина. Освен тоа, ќе се изградат и нови пешачки патеки во повеќе населени места.

Ќе се подобри водоснабдувањето со нов бунар во Раштак и со нова филтер-станица во Булачани.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ