сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Новата закана на Трамп одекнува низ светот: Иран доби рок од 48...

Новата закана на Трамп одекнува низ светот: Иран доби рок од 48 часа: „Ќе следи пекол ако не ги прифатат условите“, порача САД

480
EPA-EFE/WILL OLIVER

Соединетите Американски Држави поставија рок од 48 часа за Иран да ги прифати американските услови за решавање на кризата на Блискиот Исток, со остра порака од претседателот Доналд Трамп дека во спротивно ќе следи силен одговор.

„Часовникот истекува – 48 часа пред да ги погоди вистински пекол. Фала му на Бога!“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Американскиот претседател се осврна на претходно поставениот десетдневен ултиматум до Техеран за постигнување договор со Вашингтон или деблокирање на Ормутскиот теснец, еден од клучните светски патишта за транспорт на енергија. Иако најави преиспитување на условите, не прецизираше какви конкретни мерки би можеле да преземат САД во случај Иран да ги отфрли барањата.

ИЗДВОЕНИ