понеделник, јуни 15, 2026
Дома СКОПСКА Нова водоводна мрежа во Долно Лисиче

Нова водоводна мрежа во Долно Лисиче

46

По многу години чекање, жителите на Долно Лисиче, конечно, ќе добијат чиста и безбедна вода за пиење.

Во тек се градежните активности на новата водоводна мрежа на улицата „2“, во должина од 1.255 метри, со цевка DN 225 милиметри, која ќе се поврзе со постојната водоводна линија на регионалниот пат R1106. Со овој зафат се предвидени и 109 приклучоци за домовите од левата и од десната страна на улицата.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека дополнително, кај месната заедница, на улицата „20“, ќе се замени старата и дотраена водоводна цевка со нова полиетиленска DN 160 мм, во должина од 48 метри.

– Со тоа ќе се овозможат подобро движење на водата и постабилно водоснабдување на жителите. Ова е проект што значи многу за луѓето овде. Значи сигурност во секој дом, чиста вода за секое семејство, мир за родителите и подобри услови за живот на децата – смета Ѓорѓиевски.

Тој додава дека, конечно, почнува да се решава овој проблем, кој траел со децении.

ИЗДВОЕНИ