Компанијата „Rakuten Viber“ денеска во Ниш објави дека за помалку од 30 дена во Србија ќе биде активирана услуга што ќе овозможи бесплатно испраќање и примање пари преку таа апликација.
Директорот за стратешки партнерства на компанијата, Константин Костадинов, изјави дека станува збор за важен проект што компанијата го реализира во соработка со Народната банка на Србија и компанијата „PayChat“, пренесе агенцијата Бета.
„Бесплатно се поврзувате со чет-ботот, го поврзувате со вашата банкарска апликација и бесплатно, исто како што би испратиле порака, вршите трансфер на пари“, истакна Костадинов на 10. Форум за напредни технологии во Научно-технолошкиот парк во Ниш.
Костадинов рече дека овој проект прво е развиен во Србија, но дека постои можност за негово воведување и на други пазари во регионот.












