Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес свечено отвори фабрика за склопување дронови од израелско производство, а во погонот ќе бидат ангажирани околу сто работници и ќе се произведува опрема – како што наведе тој – и за Вооружените сили на Србија и за армиите на други земји.
„Отворив фабрика за склопување најсовремени беспилотни летала од израелско производство, таа ќе вработува околу сто работници и ќе произведува врвна опрема како за Вооружените сили на Србија, така и за армиите на други држави. Нашите планови се амбициозни“, наведе Вучиќ на Инстаграм.
Тој изрази уверување дека во Србија ќе се отворат уште најмалку три фабрики во партнерство со израелски компании.
Вучиќ напомена дека не ги поканил новинарите да ја разгледаат фабриката поради доверливата природа на процесот на производство. Дел од моделите на беспилотни летала што сега се произведуваат во Србија беа прикажани во видео-објавата на српскиот претседател.
View this post on Instagram












