четврток, септември 17, 2026
Дома МАГАЗИН Октај Сејди ќе ја представува Македонија на светскиот избор на машката убавина...

Октај Сејди ќе ја представува Македонија на светскиот избор на машката убавина „Mister International 2026“

281

На почетокот на кариера немаше некоја поддршка од колегите. Само Дадар, како што истакнува Октај, беше единствениот сигурен во неговиот успех. И беше во право. – Од другите немав поддршка, не  веруваа во мене. Тогаш имав само  20 години кога го отворив првиот салон.

 Октај Сејди е млад, атрактивен, умен и амбициозен човек, со скопската адреса на живеење, а кој добро знае дека љубовта кон сопствената држава не треба да зависи од дневно-политичките настани. Токму затоа е многу горд што доаѓа од Македонија и што Македонија на 26-септември ќе ја представува на Светскиот избор на машката убавина. За него голем број луѓе ќе кажат дека е исклучително талентиран фризер и стилист, кој веќе неколку години наназад соработува со популарни  лица од домашната и светската  (музичка) сцена.

Но, сепак на почетокот на кариера немаше некоја поддршка од колегите. Само Дадар, како што истакнува Октај, беше единствениот сигурен во неговиот успех. И беше во право.  – Од другите немав поддршка, не  веруваа во мене. Тогаш имав само  20 години кога го отворив првиот салон. Потоа се си дојде на свое место, раскажува Октај.Информацијата за неговото учество се споделува со гордост. Конкуренцијата е силна. За нашата македонската јавност Октај Сејди и не е непознато име. Тој со години работи во светот на убавината како стилист за коса, шминка, фризура. Неговата животна приказна е интересна. За првпат на само 14 години почнал да се интересира и активно да се занимава со стилизирање на косата, постепено создавајќи го своето знаење и името во тој свет на уметноста.

Иако на професионалниот пат имаше многу потешкотии, тој самиот најдобро знае колку љубовта кон работата му овозможила денес да стаса до височините.  Сега пред него на 26-ти септември е нов и најважен голем предизвик. Дали Тајланд ќе му ја донесе најважната титула, останува да се стрпиме, да видиме.

Но и без разлика на пласманот, и ако потајно посакуваме да победи, едно е сигурно: Октај Сејди поседува вистинска машка природна убавина која впрочем се бара на овој натпревар. Воедно со тоа и можност да ја претстави пред меѓународната публика својата земја Македонија и како туристичка атракција. Да држиме палчеви за успехот на нашиот Октај.

(Д.М.) фото: ФБ-архива

 

ИЗДВОЕНИ