петок, септември 18, 2026
Дома СВЕТ Нов Зеланд негира дека сака да се приближи кон ЕУ!

Нов Зеланд негира дека сака да се приближи кон ЕУ!

13

Нов Зеланд сè уште не водел разговори со Европската Унија за можноста за добивање статус на придружна членка, изјави портпаролот на министерот за надворешни работи Винстон Питерс.

„Немало разговори со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс.

Темата за придружно членство се појави откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ „ја отвори вратата“ на Канада и да ѝ овозможи да стане првата придружна членка на ЕУ, со цел да се продлабочат врските меѓу сојузниците.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше идејата и ѝ се закани на Европската Унија со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи го „смешен“.

Во меѓувреме, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, сугерираше дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да тргнат по стапките на Канада и дополнително да ги продлабочат односите со ЕУ.

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, изјави дека неговата земја е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување поблиски врски со Унијата.

ИЗДВОЕНИ