четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт на патот кон железничката станица во Волково

Нов асфалт на патот кон железничката станица во Волково

86

Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе го реконструира патот, односно кракот на улица „100“, со продолжение на улицата што води кон железничката станица во Волково.

– Создаваме навремени услови за подостапен пристап до јавниот транспорт во овој дел од општината. Подобрата поврзаност е предуслов за развој и за унапредување на секојдневието на жителите – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој додаде дека со овој зафат се унапредува пристапот до железничкиот транспорт, а истовремено се подобрува и вкупната сообраќајна поврзаност во Волково.

Од Општината велат дека остануваат посветени на изградбата и реконструкцијата на инфраструктурата, со цел да обезбедат подобри услови за живот за сите граѓани.

ИЗДВОЕНИ