недела, август 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ноќеска при гаснење на огнот во акцијата на Пелистер повредени се две...

Ноќеска при гаснење на огнот во акцијата на Пелистер повредени се две лица припадници на пожарникарските единици

13
Фото:Општина Битола, фб

Ноќеска при гаснење на огнот повредени се две лица припадници на единиците кои учестуваа во акцијата на Пелистер.

Според директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, здравствената состојба на повредените е стабилна.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

„После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП Пелистер, ППТЕ Битола, ДПД Архангел и механизацијата на Јавните претпријатија од Битола пожарот е целосно локализиран. Опасноста за негово понатамошно активирање и ширење и понатаму е голема и во голема мера зависи од временските услови. Во текот на ноќта повредени се двајца припадници на единиците кои дејствуваа на терен и нивната здравствена состојба е стабилна. Единиците продолжуваат да дејствуваат на терен со поддршка на армиски хелихоптер. Подоцна се очекува да пристигнат ДПД Кочани и двата ЕР трактори“, изјави директорот на НП Пелистер Иванчо Тошевски.

Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден.

Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

ИЗДВОЕНИ