недела, август 30, 2026
Дома СВЕТ МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје може да остане без струја во рок од...

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје може да остане без струја во рок од десет дена

0
Фото:википедија

Без враќање на надворешното напојување или дополнителни испораки на дизел, нуклеарната централа Запорожје може да доживее целосно исклучување во рок од десет дена, предупреди денес генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Централата е без надворешно напојување од 20 август, кога нејзиниот последен надворешен далновод беше исклучен поради воени операции на северниот брег на реката Днепар.

Електричната енергија потребна за основните безбедносни функции зависи од резервни генератори. Раководството на електраната во петокот објави дека има резерви на гориво за приближно десет дена, што е минимумот потребен според прописите.

„Во овој контекст, МААЕ работи на воспоставување нова локализирана зона на прекин на огнот, седма договорена од крајот на минатата година, со цел да се олесни поправката на линијата Фероплавна-1 што е можно побрзо“, додаде агенцијата со седиште во Виена, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ