сабота, ноември 21, 2026
Дома СВЕТ Паника на безбол натпревар во Мексико: УАПСЕН ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕ НАЈБАРАНИ БЕГАЛЦИ...

Паника на безбол натпревар во Мексико: УАПСЕН ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕ НАЈБАРАНИ БЕГАЛЦИ НА ФБИ?

0
EPA/JOHN GASTALDO

Мексиканската војска, наводно, го уапсила Фаусто Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“, водачот на картелот „Меза-Флорес“ и еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ. Операцијата предизвика вооружени судири во сојузната држава Синалоа, поради што гледачите мораа да бегаат од натпревар во безбол во градот Гуасаве.

Неколку мексикански медиуми известија за апсењето; сепак, Си-Ен-Ен (CNN) наведе дека сè уште бара независна потврда од мексиканските власти.

Меза Флорес раководи со криминална организација со седиште во Гуасаве, позната и како „Лос Мазатлекос“.

ИЗДВОЕНИ