Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување од 500 метри од училишта, а ги зголемивме и давачките, одговори заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на седницата посветена на поставување на паратенички прашања.

Николоски истакна дека законот ќе почне да се применува од 1 јануари.

– Измените се состојат од два дела. Прво, се забранува сè што е во пропагандна цел, од рекламирање преку физички изглед на излози и така натаму, а втората е сериозна рестрикција на објекти каде што може да се приредуваат игри на среќа. Не само што се воведе ограничување од 500 метри од училишта, туку исто така се зголемија давачките коишто ги плаќаат оние коишто организираат игри на среќа, дали се работи по апарат, дали се работи по лиценца или по објект. На тој начин сериозно ќе се намали бројот на објекти каде што ќе се организираат игри на среќа. Фактичката примена почнува од 1 јануари. Она што е значајно и што е поврзано со првото, со вашето прашање во однос на 1 јануари, е дека од 1 јануари единствен којшто ќе може да приредува онлајн игри на среќа ќе е државата, односно Државна Лотарија, со само еден правен субјект којшто ќе може да го прави тоа, а истото се однесува и на видео лотариските терминали, односно ВЛТ апаратите, каде што државата ќе е единствена којашто ќе може да организира вакви игри на среќа преку исто така еден субјект- одговори Николоски.

Тој додаде дека по изборот на оваа Влада, укинати се лицениците на tri компании кои требало да приредуваат онлајн игри на среќа.

– Укинати се лиценците на tri компании коишто требаше да приредуваат онлајн игри на среќа. Дополнително, укината е платформата 2WIN, којашто беше дел од Казино Австрија и која што беше дел од ВЛТ терминалите, а исто така иницирани се и кривични постапки. Во моментов се води активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останати обвинети, и очекувам судот во ефикасна процедура ова да го заврши и да одговараат за она што го сториле – рече вицепремиерот Николоски.

 

ИЗДВОЕНИ