четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Никола Божиновски ќе раководи со Советот на Општина Бутел

Никола Божиновски ќе раководи со Советот на Општина Бутел

226

За нов претседател на Советот на Општина Бутел е избран д-р  икола Божиновски.

Од Општината информираат дека Д-р Никола Божиновски е специјализант на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Тој живее во Бутел 2 и добро ја познава душата на Општината.

– Д-р Никола работеше како матичен лекар во Бутел и беше омилен кај пациентите. Тој е човек со изграден карактер и личност со интегритет, кој на посебен начин ја доживува Македонија, особено Општина Бутел – велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за неговиот избор за претседател на Советот на Општината и истакна дека Бутел се гордее со вредни и посветени личности како што е тој.

Костовски изрази уверување дека ќе се зајакне и продлабочи соработката со новиот претседател, во интерес на сите граѓани на Општината. Истовремено, градоначалникот изрази голема благодарност за одличната соработка со досегашниот претседател на Советот на Општината, д-р Игор Николов, кој ја презеде функцијата амбасадор во Француската Република.

ИЗДВОЕНИ