петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Ни душата не може да ѝ почива во мир: Осквернавено е телото...

Ни душата не може да ѝ почива во мир: Осквернавено е телото на моделката Памела Џенини која лани беше убиена во Милано

418

​Телото на Памела Џенини, 29-годишна моделка која беше убиена во Милано минатиот октомври, беше украдено и обезглавено во понеделник, објави агенцијата „Анса“.

Грозоморниот детаљ е откриен за време на преместувањето на телото до неговото последно почивалиште во покраината Бергамо, на гробиштата Строза.

Вработените на гробиштата забележале дека ковчегот не може да се затвори, а по отворањето било откриено дека главата на жртвата била одвоена од телото, додека остатокот од телото останал недопрен од погребот.

Полицијата соопшти дека е во тек истрага за да се идентификуваат одговорните и да се разјаснат мотивите зад делото.

Во соопштението се вели дека има три до четири осомничени за кражбата и сквернавењето на телото.

Злосторството носи казна до седум години затвор.

Џанини, која се појавуваше и во италијански ријалити шоуа, беше убиена минатиот октомври во Милано кога беше избодена повеќе од 20 пати на нејзиниот балкон.

Се сомнева дека злосторството го извршил нејзиниот поранешен партнер, 52-годишниот Џанлука Сончин, откако тој наводно ја следел Џанини и се обидел да ја обнови нивната врска, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ