четврток, јуни 11, 2026
Дома СКОПСКА Невреме во Скопје: Силни електрични празнења ја претворија ноќта во ден/ФОТО

Невреме во Скопје: Силни електрични празнења ја претворија ноќта во ден/ФОТО

175
Фото: Ѕ.Плавевски

Делови од Скопје вечерва беа погодени од невреме со пороен дожд и грмежи проследени со силни електрични празнења и молњи.

Граѓаните пријавиле силни налети на ветер, а претходно во својата прогноза и Попоски најави дека во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен правец (со брзина од над 60 км/час) електрични празнења и можна појава на град.

Засега нема пријавени штети.

 

ИЗДВОЕНИ