среда, септември 30, 2026
Дома МАГАЗИН Невидена кражба го збуни цел Загреб: Сопственик на „голф“ остана без задната...

Невидена кражба го збуни цел Загреб: Сопственик на „голф“ остана без задната врата, но не и без автомобилот/ФОТО

0

Кражбата на автомобили не е ништо необично, но она што му се случи на сопственикот на еден „Голф“ во Загреб е тешко да се објасни.

Тој остана во целосен шок откако сфати дека, преку ноќ, задната десна врата исчезнала од неговото возило.

„Еве една трагикомична ситуација“
На паркингот пред еден супермаркет се случи необична кражба; сопственикот ги извести корисниците на Фејсбук за инцидентот, споделувајќи фотографија од автомобилот на кој му недостасуваше врата.

Покрај тоа, крадците однеле и кутија со средства за чистење. Она што за сопственикот е особено тешко да го сфати е фактот дека тие ги оставиле другите делови од автомобилот – дури и детското седиште.

Во својата објава, тој напиша:

„Еве една трагикомична ситуација. Само да ве предупредам сите – веќе ни вратите од автомобилот не се безбедни. Некој во текот на ноќта ни ја украде задната десна врата и кутијата со средства за чистење автомобил. Возилото беше паркирано на големиот паркинг пред супермаркетот.

Ќе можев да разберам ако го украдеа целиот автомобил, но да се земе само вратата и таа кутија е нешто што навистина не можам да го сфатам. Дури го оставија и детското седиште, кое веројатно чини повеќе од самата врата.

Мора да им се признае професионалноста – не оставија ниту една гребаница додека ја вадеа. Па, што да се каже? Можеш или да плачеш или добро да се насмееш.“

„Како не се вклучи алармот?“
Објавата брзо го привлече вниманието на корисниците, кои се обидоа да најдат логично објаснување за необичниот потег на крадците.

Еден корисник, кој се претстави како автомеханичар, напиша дека иако видел многу работи во текот на својата кариера, оваа конкретна кражба сепак го изненадила.

„Како автомеханичар сум видел сè и сешто, но ова – не. За тоа се потребни мади*а. Да ја извадиш задната врата на паркинг и да избегаш.“

Друг човек забележа дека е речиси неверојатно што никој не видел ниту слушнал што се случува.

Едно од најчесто поставуваните прашања беше како е можно да не се вклучил алармот додека се вадела вратата.

Foto: Facebook

ИЗДВОЕНИ