Необична несреќа се случила во понеделник наутро на аеродромот Линате во Милано, каде што возило кое опслужувало авион на пистата се судрило со приватен авион. Целиот инцидент е снимен од камерата за надзор.
На видеото се гледа како Фиат Панда го пресекува патот на приватен авион „Хокер Бичкрафт 400А“ кој се движел по маневрирачката површина. Носот на авионот удрил во страната на автомобилот и го скршил прозорецот, за среќа не од страната на возачот.
Иако сцената изгледа доста драматично, според достапните информации, никој не е повреден во судирот. И автомобилот и авионот се оштетени.
Според Мрежата за безбедност на воздухопловството, несреќата се случила во понеделник околу 11:19 часот. Приватниот „Хокер Бичкрафт 400А“, според Flightradar24, е стар 33 години.
По судирот, операциите на аеродромот Линате беа накратко прекинати, бидејќи властите ги прегледаа авионот и автомобилот и го обезбедија местото на настанот.
Предниот дел од авионот удрил во страната на автомобилот и скршил прозорец, за среќа не од страната на возачот.
Според портпаролот на аеродромот, службите за итни случаи веднаш реагирале и сообраќајот бил обновен по околу 30 минути.
Сепак, краткото прекинување предизвикало проблеми за неколку летови.
Два лета морале да бидат пренасочени кон други аеродроми во областа на Милано.
Летот на KLM од Амстердам требало да слета во Линате околу пладне, но бил пренасочен кон аеродромот Малпенса, каде што слетал во 11:58 часот. Откако Линате повторно се отворил, авионот полетал од Малпенса во 13:08 часот и слетал во Линате во 13:29 часот.












