четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху: „Не ми треба дозвола од Трамп да го нападнам Иран“

Нетанјаху: „Не ми треба дозвола од Трамп да го нападнам Иран“

0
EPA/RONEN ZVULUN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда изјави дека никогаш не побарал дозвола од американскиот претседател Доналд Трамп да го нападне Иран минатата година.

– Јас едноставно го информирав. Му реков дека одиме во Иран затоа што нема да седам и да чекам нашите непријатели кои отворено, гласно, изјавуваат дека сакаат да нè уништат, а и вас (Америка) исто така. Нема да го дозволам тоа. И затоа дејствувавме. Не побарав дозвола – рече Нетанјаху во говорот на конференцијата Муни Експо во Тел Авив, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Се проценува дека овие коментари на Нетанјаху имаат за цел да ја потврдат стратешката независност на Израел во услови на тензии меѓу Израел и САД поради континуираните напори на Трамп да постигне договор со Иран, но и загриженоста на Израел за американските ограничувања на слободата на израелската воена акција, наведува израелскиот портал.

ИЗДВОЕНИ