Говорејќи на отворањето на состанокот на владата во неделата, премиерот Нетанјаху истакна дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп се во чекор за иднината на Газа и што да прават со Хамас.
„Претседателот Трамп и јас работиме во целосна соработка и координација“, рече Нетанјаху, додавајќи дека не може да навлегува во сите детали, но дека имаат заедничка стратегија, кога и како ќе се отворат „портите на пеколот“ доколку сите заложници не бидат ослободени и вратени дома.
Тој вели дека „заедничката стратегија“ може да создаде „сосема поинаква иднина“ за Израел, додавајќи дека никогаш во историјата на Израел немало таков потенцијал за елиминирање на заканите и создавање можности за еврејската држава.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)








![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-100x70.jpg)
