вторник, јули 28, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху ја напушти Белата куќа по состанокот со Трамп: „Разговорот беше позитивен...

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по состанокот со Трамп: „Разговорот беше позитивен и продуктивен“

0
EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL POOL PHOTO

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која Белата куќа ја оцени како „позитивна и продуктивна“.

„Претседателот Трамп ги заврши своите состаноци во Овалната соба со претседателот (на Украина) Володимир) Зеленски и премиерот (на Израел) Бенјамин Нетанјаху. И двата состаноци беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на платформата X по одделните состаноци на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, објави Си-Ен-Ен.

Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ја повтори оценката на Белата куќа, велејќи дека „средбата била многу позитивна и се одржала во добра атмосфера, со присуство на високи членови на администрацијата“.

„Одличната хемија меѓу лидерите беше очигледна“, рече функционерот.

Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел „под никакви околности да не му се дозволи на Иран да поседува нуклеарно оружје“.

Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и САД, „кое е посилно од кога било“, како и за разните можности на Блискиот Исток.

И двата состаноци се одржаа без присуство на медиумите.

ИЗДВОЕНИ