сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА НЕОТПОВИКЛИВО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА: Симона Груевска поднесе оставка на местото претседател на...

НЕОТПОВИКЛИВО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ФУНКЦИЈАТА: Симона Груевска поднесе оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик

286

Неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик поднесе денеска Симона Груевска.

Во објавата на нејзиниот профил на социјална мрежа „Фејсбук“, таа не наведе детални причини за нејзиното повлекување.

– Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Им посакувам успешна понатамошна работа – наведе во објавата Груевска.

Таа е истакнат професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и е активна во јавноста во заштитата и за промовирањето на македонскиот јазик.

ИЗДВОЕНИ