вторник, јуни 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

0
Foto: Printscreen/YouTube

„Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски (58), градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше“ напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Во објавата вели „Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце“.

„Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа. Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен. Вечен спомен!“ напиша Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ