вторник, октомври 6, 2026
Дома БАЛКАН Ненад Чанак: Пo изборите – република Војводина

Ненад Чанак: Пo изборите – република Војводина

59
EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Српскиот политичар Ненад Чанак, кој од самиот почеток ги поддржува протестите и Студентската листа, на мрежата „Икс“ повика, по изборите, без оглед на тоа кој ќе ја формира владата, да се отворат дискусии за република Војводина.

Во срцето на неговиот предлог е идејата за формирање „Република Војводина и организирање на Србија на начин што ќе ѝ обезбеди на Војводина појасен политички статус и поширока автономија“.

Во својата објава, како што наведува „Блиц“, Чанак му се обраќа директно на носителот на листата „Обединета Србија“, неодамнешниот претседател на државата, Александар Вучиќ, и вели дека предложил во Уставот да се внесе името на државата „Република Србија и Војводина“, но според него, „предлогот дури и не бил сериозно разгледан“.

По изборите, тој ја повикува новата влада да отвори разговори за Република Војводина, додавајќи: „Оние што не сакаат да разговараат, ќе мора да преговараат“.

За потсетување, уште пред да почнат студентските протести, Вучиќ предупреди за тенденциите кон отцепување на Војводина, па на негова иницијатива беше усвоена Декларацијата за Војводина, во која се наведува дека е неразделен дел од Србија.

 

ИЗДВОЕНИ