вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Втората дама на САД за малку ќе паднеше со тримесечното бебе: Се...

Втората дама на САД за малку ќе паднеше со тримесечното бебе: Се сопна при излегувањето од хеликоптер/ВИДЕО

1
X/Printscreen

Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, за малку ќе паднеше додека се симнуваше по скалите на хеликоптерот во воената база „Ендрјус“ во Мериленд, носејќи го својот тримесечен син Алек во носилка.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како таа се сопнува на една од скалите, но сепак успева да се фати за оградата и да ја врати рамнотежата.

Веднаш потоа застана за да провери дали бебето е добро, а инцидентот заврши без последици. Вниманието го привлече и однесувањето на униформираните припадници на американската војска, односно на службениците на пистата, кои во тој момент воопшто не се помрднаа.

Потоа, таа продолжи да разговара со службеникот за безбедност додека ги чекаа нејзиниот сопруг и нивната четиригодишна ќерка Мирабел да излезат од хеликоптерот.

Семејството Венс потоа заедно се упати кон авионот на воздухопловните сили со кој отпатуваа за Анкориџ на Алјаска, каде што Венс треба да говори на собир на Републиканскиот национален комитет во знак на поддршка за сенаторот Ден Саливан, кој се кандидира за нов мандат.

Уша и Џеј-Ди Венс имаат четири деца – деветгодишниот Јуан, шестгодишниот Вивек, четиригодишната Мирабел и синот Алек, кој е роден на 19 јули.

Алек е нивното четврто дете, а ова е едно од нејзините ретки појавувања во јавноста по породувањето.

За време на бременоста, таа го започна подкастот „Време за приказна со втората дама“, посветен на поттикнување на писменоста и интересот на децата за читање.

ИЗДВОЕНИ