Ако сакате обичните тестенини да ги претворите во вистинско гурманско јадење, домашното песто е совршен избор.
Овој ароматичен сос, по потекло од Италија, се подготвува за само неколку минути, а вкусот е неспоредливо подобар од купениот во продавница.
Комбинацијата од свеж босилек, маслиново масло, сирење и јаткасти плодови дава богат и интензивен вкус што плени уште на првиот залак.
Со помош на овој рецеп лесно ќе направите домашно песто што ќе ги збогати сите тестенини.
Состојки:
- 2 шаки свеж босилек
- 50 г пармезан (или друго тврдо сирење)
- 30 г пињоли (или ореви/бадеми како замена)
- 1–2 чешниња лук
- 80–100 мл маслиново масло
- сол по вкус
- по желба: малку сок од лимон
Подготовка:
Ставете го босилекот, пињолите, лукот и пармезанот во блендер или процесор за храна, а потоа кратко блендирајте за да се соедини сè. Потоа постепено додавајте го маслиновото масло додека не добиете кремаста, но сепак малку текстурирана смеса. Додадете сол и малку сок од лимон доколку е потребно за да го освежите вкусот. Пестото е веднаш готово и може да се користи како сос за тестенини, намаз или дресинг за салата.
Ако сакате појак вкус, кратко препечете ги пињолите пред да ги блендирате – ова дава дополнителна арома.












