На улицата „Козара“, зад Здравствениот дом во Битола, во тек се активности за бонификација на нестабилниот терен под коловозот, а потоа ќе се продолжи со изработка на коловозната конструкција, со ископи, тампонирање, поставување рабници, изработка на сливници и асфалтирање.
Од Општина Битола информираат дека по тампонирањето на улицата „Козара“, градежните активности ќе продолжат на улицата „Чеде Филиповски“.
– Изведбата на градежните работи, кои извесно време беа во мирување, односно се пролонгираа и предизвикаа реакција кај жителите од овој регион, беше заради обезбедување на потребната документација, бидејќи улиците што се во фаза на реконструкција се во централното градско јадро, кое е строго заштитено подрачје –појаснуваат од локалната самоуправа.
Со овај проект се опфаќа целосната реконструкција на улиците: „Панде Николов“, „11 Март“, „Козара“, кракот од улицата „Козара“ и улицата „Чеде Филиповски“, кои се наоѓаат во централното градско подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1. дел“.












