Општина Струмица ве поканува на „Саем на книгата – Струмица 2026“, културен настан посветен на љубителите на книгата, пишаниот збор и на новите идеи. Саемот ќе биде отворен на 26 мај 2026 година, во 12:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ и ќе трае до 28 мај 2026 година
– Во текот на трите дена, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со голем број издавачки куќи, нови изданија, промоции и книжевни содржини за сите генерации – соопштија од Општина Струмица, нагласувајќи дека „книгата нè поврзува, идеите нè инспирираат“.
Притоа, повикуваат „заедно да ги прославиме културата, знаењето и љубовта кон книгата“.












