
Најголемата ѕвезда во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Ламин Јамал, испрати јасна порака дека нема намера да води јавна кампања за да ги убеди гласачите дека ја заслужува „Златната топка“.
„Не одлучувам јас, туку вие. Она што ние како клуб и репрезентација го направивме е неверојатно. Ако тоа се случи, првото нешто што ќе го направам е да им се заблагодарам на моите соиграчи во Барселона и на шпанската репрезентација. Мислам дека имам шанса, ќе видиме. Не мислам дека треба да го правам тоа, ниту пак размислувам за тоа. Горд сум на мојот клуб и репрезентација. Ние сме светски шампиони, не можам да побарам повеќе од тоа. Тоа е ваша работа. Во секој случај, нема да молам никого“, изјави Јамал.











