понеделник, јуни 22, 2026
Дома СВЕТ Нема да има такси за премин низ Ормускиот теснец, освен ако САД...

Нема да има такси за премин низ Ормускиот теснец, освен ако САД не ги наметнат, порача Трамп

92
google maps/AI photo

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да има такси за премин низ Ормускиот теснец за време на 60-дневниот прекин на огнот со Иран, додавајќи дека нема планови за такви мерки по тој период, освен ако преговорите не успеат.

Трамп ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social, каде што нагласи дека сите такси можат да бидат наметнати единствено од САД.

„Нема да има такси во Ормускиот теснец за време на 60-дневниот прекин на огнот, а нема да има ниту по 60-дневниот прекин на огнот, освен ако не се наметнат и не им користат на Соединетите Држави, доколку не се постигне договор, за услуги што се обезбедуваат како „ангел чувар“ на земјите од Блискиот Исток, за компензација на минатите, сегашните и идните трошоци“, рече Трамп.

Неговата изјава доаѓа во време кога во Швајцарија се водат директни преговори меѓу американските и иранските претставници за траен договор што би ставил крај на тензиите и би спречил нова ескалација на конфликтот.

Ормутскиот теснец е еден од најважните светски бродски патишта, низ кој минува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и природен гас. За време на конфликтот меѓу САД и Иран, неговото затворање предизвика сериозни нарушувања на енергетските пазари и загриженост за можно зголемување на цените на енергијата.

Во исто време, иранската воена команда објави дека теснецот ќе биде затворен за поморски сообраќај, наведувајќи наводни прекршувања на договорот и продолжување на конфликтот во јужен Либан.

Од друга страна, Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека меѓународниот воден пат останува безбеден и дека американските сили продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Американската војска нагласува дека слободата на пловидба низ Ормутскиот теснец е зачувана и дека нејзините сили се распоредени за да обезбедат непречен премин на трговски бродови низ еден од најважните енергетски коридори во светот.

ИЗДВОЕНИ