Почетокот на јуни помина во знакот на модата во познатиот туристички регион Анталија. Меѓу бројните глобални и деловни настани што таму се одржуваат, внимание привлече и деветтото издание на Неделата на модата, кое од 2 до 4 јуни на едно место успеа да собере врвни дизајнери од повеќе земји, но и водечки турски модни креатори. Овој ексклузивен настан беше одлична прилика на посетителите да им се претстави Анталија како еден од центрите на глобалната модна сцена, нудејќи иновативни програми кои го промовираат концептот на мода без сезонски ограничувања. Духот на Анталија беше презентиран преку ексклузивни модни ревии на историски локации, но и преку креативни работилници. Познатите имиња од Туркије, како и врвни креатори од Русија, Обединетите Арапски Емирати и Казахстан, уште еднаш ја потврдија сѐ поизразената меѓународна димензија на оваа манифестација.

Ова е еден од серијата меѓународни настани кои се одржуваат токму во Анталија, која плени со своите природни пејзажи, сончеви плажи со престижното „Сино знаме“ и фасцинантни антички локалитети, надополнето со современ комфор и врвни ресорти кои нудат исклучителен луксуз и префинета медитеранска кујна. Анталија располага со одлична инфраструктура за деловен туризам, односно развиен конгресен екосистем со повеќе од 300 хотели со пет ѕвезди и над 175.000 седишта. Градот досега успешно организираше престижни меѓународни настани, меѓу кои и Самитот на Г20, што ја потврди неговата репутација како сигурен глобален центар за состаноци и конференции.

Календарот на Анталија е прилично богат и за оваа година. Пред модната недела, на крајот на мај и почетокот на јуни се одржа Саемот Спорт и настани на Туркије, првиот меѓународен саем за спортски туризам во земјата. Од 5 до 9 октомври, пак, ќе се одржи 77. Меѓународен астронаутички конгрес, а периодот од 9 до 20 ноември е предвиден за Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени. Градот ќе биде домаќин и на светски познатиот Фестивал на опера и балет во Аспендос, како и на маратонот Рунталија и голф-турнирот Turkish Airlines Open.
Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, кристално чистото Средоземно Море, хотели прилагодени за семејства и бројни можности за рекреација, Анталија е една од најатрактивните туристички дестинации, која може да се посетува во текот на целата година и нуди искуства за секој тип патник. Сместен на пресекот на три антички региони, градот се издвојува по своето богато историско наследство, каде се вбројуваат историското јадро на градот, како и бројни светски познати археолошки локалитети, меѓу кои Аспендос, Патара, Сиде и Фаселис. Анталија нуди и одлични можности за активен одмор, вклучувајќи пешачење, велосипедизам и излети со брод. Со летна сезона која често трае до октомври, регионот изобилува со содржини, како играње голф во Белек, нуркање во Каш, истражување на импресивни пештери или рафтинг во кањонот Копрулу. Дополнително, медитеранската кујна, збогатена со свежи морски плодови, маслиново масло и локални вина, му дава посебен вкус на секое патување во овој уникатен регион.












