петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН Не верувам дека Марта Кос ќе побара замрзнување на средствата, се чека...

Не верувам дека Марта Кос ќе побара замрзнување на средствата, се чека Венецијанската комисија, вели Брнабиќ

59

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денес изјави дека не верува дека европската комесарка за проширување Марта Кос ќе побара замрзнување на средствата за Србија и оцени дека тоа не би било фер бидејќи Венецијанската комисија сè уште не го дала своето мислење.

Брнабиќ на прес-конференција изјави дека мислењето на Венецијанската комисија ќе пристигне во јуни.

„Нема да чекаме до јуни, веднаш штом го добиеме мислењето од експертскиот тим, кое го очекуваме кон крајот на април, а пред тоа, ќе почнеме да работиме на измени на законот за да имаме време за јавна дебата. Секако очекувам овие измени да бидат доставени до Парламентот што е можно поскоро“, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека во петокот го добила нацрт-мислењето на Венецијанската комисија за сет измени на судските закони, оценувајќи дека нацрт-мислењето е фер и избалансирано.

Вториот документ се однесува на мислењето за измена на изборните закони со кои се имплементираат пет дополнителни препораки на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и дека овие закони ќе бидат ставени во нацрт-документот.

Брнабиќ изјави дека до утре ќе испрати коментари за мислењата и додаде дека очекува конечно мислење од експертскиот тим на Венецијанската комисија во следните неколку дена.

ИЗДВОЕНИ