петок, октомври 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Не треба да се кратат празниците за работниците

Не треба да се кратат празниците за работниците

0

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, смета дека не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците. Коментирајќи ја иницијативата на Стопанската комора за кратење на празниците, министерот рече дека, сепак, ова барање, ако стигне до нив, ќе биде ставено на разгледување на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 19 октомври.

– Работниците имаат стекнати права што им припаѓаат. Празниците се за граѓаните кои ѝ припаѓаат на која било религија и ние нема да интервенираме во тој дел – изјави денеска Дурмиши на прес-конференција на која ја претстави потрошувачката кошничка за август, изготвена од Министерството.

Вели дека досега не е стигнат никаков предлог до нив од Стопанската комора, но ако има такво барање, ќе биде ставено на разгледување на ЕСС.

– Ние треба да работиме во делот да ја зголемуваме продуктивноста внатре во институцијата, а не да ги демотивираме работниците со овие чекори – рече Дурмиши, оставајќи простор да се дискутира за тоа на ЕСС.

ИЗДВОЕНИ