недела, септември 27, 2026
Дома БАЛКАН „Не сме родени во фотелја…од утре, сум еден од вас“: Вучиќ им...

„Не сме родени во фотелја…од утре, сум еден од вас“: Вучиќ им се обрати на граѓаните пред најавената оставка/ВИДЕО

1

Голем број граѓани се собраа во Пионирскиот парк во Белград пред најавеното јавно обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ, а тој тука и им се обрати. „Не сме се родиле во фотелја, без фотелја и ќе ги победиме“, им рече тој на насобраните. „Ајде да ги победиме“, додаде Вучиќ, наведувајќи: „Од утре, јас сум еден од вас“.

Тој рече и дека проблемот бил во тоа што многумина „не сакале да слушаат, дека во своите претседателски мандати се обидувал да ги зачува традиционалните и демократските вредности“, а дека тешко му паѓало тоа што, повторно неименувани политички противници, „се обиделе да ја уништат земјата и со гума за бришење да го избришат сè она што го направивме“.

„Никогаш нема да заборавам колку беше тешко, а колку храброст и сила моравте да покажете во тие тешки моменти… Јас си ја вршев работата, а кога мислев дека приказната е завршена, ни донесоа обврзувачки налози да ги апсиме нашите луѓе. Ниту еден не уапсив ниту го испорачав на Хашкиот трибунал“, рече Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by zoomer (@zoomer_rs)

Тој исто така истакна дека Србија е единствената земја во Европа која има свој став во врска со војната во Украина, дека Србија за првпат имала стабилен курс на динарот 14 години, како и дека следната година ќе биде убедливо најбрза по економски раст во Европа.

„Знам дека се направени многу грешки, имаше многу луѓе кои се однесуваа арогантно кон граѓаните, кои беа фини додека не седнаа во фотелја“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа сака да го промени во иднина.

Вучиќ претходно најави дека денеска, 27 септември, околу 20 часот ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија.

ИЗДВОЕНИ