недела, септември 27, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Ѓоковиќ може да биде тренер/ВИДЕО

Ѓоковиќ може да биде тренер/ВИДЕО

0
screenshot X

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, веројатно без проблеми би можел да стане тениски тренер уште веднаш. Најголемиот во историјата годинава се врати на местото на своите големи успеси – Пекинг, каде што од 30 септември до 6 октомври се одржува турнир од серијата АТП 500.

На истото место се наоѓа и Ига Швјонтек, поранешната најдобра тенисерка во светот, која сега доби можност да научи нешто важно од Новак.

Најмногу совети Ѓоковиќ ѝ даде на Полјачката на темата за „ритернот“, односно за позицијата при враќање на сервисот.

„Како што реков, имам малку поширок став вака, се обидувам малку да ги отворам стапалата, се обидувам уште малку повеќе да ги отворам. Кога бев помлад, стоев малку повеќе вака (се свитка). Понекогаш, пред пет-шест години, бев вака (се исправи скоро целосно). А сега сум вака (малку свиткано). Еволуира, се менува“, објасни Ѓоковиќ.

Покрај Новак во тие моменти беше и Виктор Троицки, па Ѓоковиќ реши малку да се пошегува.

„Ќе разговараме уште. Мојот тренер е тука, го чувствувам. Голем притисок“, рече Новак.

Швјонтек во моментов е деветта на ВТА-листата, а во кариерата има освоено шест гренд-слем титули (четири на Ролан Гарос и по една на Вимблдон и Ју-Ес Опен).

Таа е инаку голема ривалка на Арина Сабаленка, која е многу добра пријателка на Новак, а во меѓусебните дуели против неа има скор од 8-5.

ИЗДВОЕНИ