Борбата за плата и работнички права е работничка борба и никој не треба да чека покана, секој треба сам да се покани и да дојде на првомајскиот протест пред Работнички дом во 11 часот. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на денешната прес-конференција ги повика сите синдикални здруженија во ССМ, другите синдикати, борците и активистите за работнички права и граѓаните да се приклучат на протестот за повисоки плати и подостоинствен живот на работниците.
-Да го искажеме работничкото незадоволство, бидејќи платите се мизерни и не се зголемени како што е предвидено во колективните договори. Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а со тоа и сите останати плати за 100 евра. Затоа ги повикувам сите работници кои сакаат да се приклучат во борбата за подобрување на работничките права, достоинствени плати и достинствени услови за работа да ни се приклучат, изјави Трендафилов.
Поради ниските и неисплатени плати, како што рече на 1 мај ќе протестираме, нема да маршираме.
-Ќе излеземе на протест да го изразиме нашето незадоволство, бидејќи огромен број институции во јавниот сектор немаат добиено плато во март. Колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме, толку ќе добиеме затоа што Владата и работодавачите не бројат, рече Трендафилов.
Според него, во услови кога работниците се соочени со неизвесност за нивните работни места и исплата на нивните плати, кога не се почитуваат колективните договори за растот на платите, кога минималната плата е најниска во регионот, кога сите се против работниците вклучително и некои синдикати треба да се менува традицијата.
-Работната сила не е само во ССМ, туку во сите работници. Заедно да покажеме дека минималната плата е на дното во регионот и оти во Македонија се потешко се живее. Никој друг нема да се бори, доколку не се бориме заедно. Време е да го покажеме незадоволството на 1 мај, рече Трандафилов.
Тој упати апел до работниците дека не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права.
Од ССМ велат дека време кога треба да покажеме дека сите заедно ќе се бориме за 500 евра минимална плата, да се зголемат и останатите плати за најмалку 6.000 денари колку што е зголемена вредноста на Синдикалната минимална кошница за една година, вработените во јавниот сектор да добијат 12,6 отсто раст на нивните плати согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, да се врати правото на трошоци за храна и превоз за работниците …
(А.С.)