сабота, февруари 21, 2026
Дома МАГАЗИН Научниците предупредуваат дека најголемата санта мраз на светот може да го погоди...

Научниците предупредуваат дека најголемата санта мраз на светот може да го погоди британскиот остров

7977

Најголемата санта мраз на светот А23а се наоѓа на 280 километри од Антарктикот, а научниците предупредија на можноста од судир меѓу сантата мраз и британскиот остров Јужна Џорџија, јави денеска Би-Би-Си.

Научниците тврдат дека тоа ги загрозува пингвините и фоките кои живеат на островот и истакнуваат дека животните масовно умирале од глад при претходните судири.

„Ледените брегови се самите по себе опасни. Би бил исклучително среќен доколку целосно не заобиколи“, изјави за Би-Би-Си капетанот на бродот Сајмон Валас.

Оваа планина се отцепи од дел на Антарктикот, познат како Филчнер, во 1986 година, но се заглави на морското дно и потоа беше заробена во океански вител.

Научниците често предупредуваат и за топењето на ледените брегови на Јужниот пол, кои некогаш покривале 3.900 квадратни километри, но најновите сателитски снимки покажуваат дека големината на континентот е 3.500 квадратни километри, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ