четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Натпревари на „Стрит баскет“ во Кавадарци

Натпревари на „Стрит баскет“ во Кавадарци

79

Oпштина Кавадарци најавува натпревари на „Стрит баскет“ во рамки на Кавадаречко културно лето 2025, а пријавувањето е во тек. Право на учество имаат само екипи од Општина Кавадарци и учесниците не треба да бидат помлади од 16 години.

Натпреварите на „Стрит баскет“ ќе се одиграат и на 21 и 22.08.2025 година на Градскиот плоштад.

На турнирот е предвидено да учествуваат 10 машки екипи со 3+1 играч. Предвидени се парични награди за најдобрите. За освоено прво место –  8.000 денари, за второ место –  6.000 денари  и за освоено трето место –  4.000 денари.

 

ИЗДВОЕНИ